ВИДЕО: Нуркач преживеал напад од ајкула и сето тоа го снимил со камера

 

Александар Краенски нуркал во црвеното море околу 50 минути пред да го нападне голема бела ајкула.

Кога ја здогледал, го повлекол јажето за да даде сигнал на екипата да го повлече на површина, меѓутоа било прекасно, ајкулата ги зарила забите во неговата нога.

„Таман кога сакав да го повчеам јажето почувствував силна болка во бутот.Немав појма што се случува, погледнав надолу и ја видов ајкулата како кружи.Секогаш и велев на сопругата дека нема опсанот  кога пливам со ајкули бидејќи таа се плаши повеќе од мене отколку јас од неа.Нурнав повеќе од 150 пати и видов многу ајкули, но ова никогаш не ми се случило“ раскажал тој.

За среќа некако успеал да стигне до бродот каде имале се што им треба за да му пружаат медицинска помош на Александар.

„На крајот имав околу 40 или 50 конци,морав да пијам по една голтка вотка на секое шиење“ рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега