Поранешна стриптизерка бара пари од Џенифер Лопез: „Заработува на мојата животна приказна“

 

Џенифер Лопез може да добие и нова тужба попради новата улога во филм во кој глуми стиптизерка Саманта Барбуш.

Поранешната стиптизерка и сега вече осудена на 5 години условно, тврди дека Лопез треба да и плати со оглед на тоа што не се консултирала со неа.

Саманта била главна во банда на поранешни стриптизерки која ги ограбувала богатите клиенти, а оженетите ги дриогирала и им ги крадела парите.

„Ако заработува на мојата животна приказна, тогаш би требало да ми дадат некаква надокада. Почестена сум дека таа ќе ме глуми мене, но мислам дека би требало да поразгоара со мене прво, за да ја знае целата приказна“ рекла Саманта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега