Понуда која тешко се одбива: На овој остров ако врне додека сте на одмор ви ги враќаат парите

 

Ви се случило ли некогаш да ви се расипе летниот одмор заради времето? Тоа знае да биде непријатно и нервозно искуство. На еден италијански остров дошле до интересна идеја, како да ги привлечат гостите без тие да се плашат од временски неприлики.

Островот Елба е трет по големина во Италија, после Сицилија и Сардинија и е многу популарно место за летен одмор, со прекрасни песочни плажи и чисто море. Најновата кампања на тамошните власти е наречена  Elba No Rain – Елба без дожд и опфаќа понуда секој посетител кој ќе престојува на островот и искуси два часа дожд во текот на еден ден, да си ги добие платените пари назад. Голем број од агенциите, хотелите и другите сместувачки капацитети се приклучиле на кампањата, која почнува да важи од крајот на мај, а ќе трае преку целото лето. Со оглед на врнежливата пролет во Италија, оваа понуда за многумина е примамлива.

Островот Елба се наоѓа во Тиренско море, на 20 километри од брегот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега