„Премногу сум убава за да пронајдам љубов“ :Се појави во утринска емисија, па твитерџиите веднаш „удрија“ по неа
Џена Томпсон од Есекс, Англија се појави во утринска емисија и предизвика бурни реакции со својата изјава.
36- годишната девојка која е популарна на Инстаграм, изјавила дека е сама поради тоа што е многу убава и со тоа ги плаши мажите, па затоа е сама.
„Моментално сум на врвот, и духовно и физички. Водам сметка за себе и презгодна сум. Успешна сум и не гледам причина да го кријам тоа само за да најдам маж“ рекла таа.
Секако веднаш следеле реакции од гледачите на емисијата кои ја нарекле „себична“ и дека премногу се сака себе си па затоа е сама.
По завршување на емисијата таа почнала да добива илјадници коментари и навреди, но вели дека сепак стои зад својата изјава и дека не можат да ја навредат.
„ Не може да ме навредат. Имам „дебела кожа“ . Додека растев бев многу искомплексирана и бв несигурна во себе.Сега тоа се промени, се сакам себеби, а на луѓето не им се допаѓа тоа“ вели Џена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа