ВИДЕО: Снимка која ја згрози Србија - познат музичар му ја шутна торбата на момче кое проси
Познатиот виолинист Данило Анџелковиќ предизвика бура реакции откако на друштвените мрежи се појави снимка на која, во центарот на Краљево, на момче кое спроти него проси и свира, му ја шутнува торбата која му служела за минувачите во неа да спуштат пари.
На снимката јавно се гледа дека торбата после шутнувањето, одлетала во правецот на момчето.
Дека снимката е автентична, потврдил и самиот Данило преку статус на својот Фејсбук:
„На видеото кое кружи на интернет на кое виолинист „му ја шутира торбата на момче кое проси“, за жал сум јас.
Свирев таму можеби половина час кога дојде човек со момче, со велосипед дојдоа и истовараа хармоника и тапан. Тоа би го игнорирал иако конотацијата е многу дрска и груба. Момчето веднаш велосипедот го потпре на дрвото на половина метар од мојата опрема на среде улица, така што делумно им оневозможуваше простор да поминуваат на луѓето кое требаше да ми приоѓаат. На тоа го замолив да го препаркира велосипедот малку поинаку на што момчето протестираше и дури после неколку повторени барања, малку го помести. Потоа му се обратив на неговиот татко, и му објаснив дека скоро дојдов и дека треба да свирам 2 часа. На тоа тој одговори дека нема шанси и „немаме ништо со тебе, ти прави го твоет, ние нашето“. Веќе бев вознемирен, а поседнно ме погоди тоа што практично немав никаква причина да бидатм суетен, бидејќи со таков вид луѓе едноставно не можете да излезете на крај. Продолжив да свирам, а нив едно време ги задржа тоа што видоа колку луѓе ми приоѓшаат се собираат и слушаат. Конечно таткото отиде негде и го остави момчето, а детето веќе бесно рече гласно како тој сам ќе свири и дека веќе нема шанси да ме чекаат. Наскоро почна да удира на тапанот и да пее. После неколку минути пријдов, ја шутнав торбата и го фатив за рака и го повлеков на страна. Подоцна се врати неговиот татко и го нападна затоа што почнал да свири, а мене затоа што сум нападнал дете. Се договоривме дека ќе свирам уште еден час, но завршив порано затоа што бев потресен“, напишал Анџелковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа