Планирате одмор во Хрватска - ова е сумата пари која треба да ја одвоите за лежалки, кафе и храна
Летово доаѓа и пред почетокот на сезоната главното прашање на туристите кои планираат одмор освен цената на хотели и апартмани, е колку чинат лежалки, чадори, кафе, гиро и слично.
Цените во вонсезонска потрошувачка за Грција и Црна Гора засега се движат во рамки на минатогодишното ниво, но Хрватска значајно ги зголеми цените.
-Цените за престој на хрватскиот брег скокнаа помеѓу 5 и 15 отсто зависно од местото за кое туристите ќе се одлучат. За изнајмување на две лежалки со чадор ќе треба да издвоите меѓу 10 и 20 евра-велат во една туристичка агенција.
Според постоечките податоци кугла сладолед ќе се продава за 1 евро, додека за овошен или газиран сок од пола литар потребни ќе ви бидат потребни 2 евра. Чај или еспресо во некој од приморските локали ќе ве чини 1 евро.
Цените за брза храна од киоск пак се движат од 0,80 центи за пециво до 3 евра колку што ќе треба да издвоите за парче пица или плескавица. Оброк во ресторан ќе ве чини најмалку 10 евра, а доколку сакате малку побогат ручек за тоа ќе ви бидат неопходни и до 100 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа