„Кога болеста ќе те дофати не знаеш каде ти е главата“ - Марина Туцаковиќ искрено за борбата со ракот

 

Марина Туцаковиќ, која водеше буитка со канцер, откри дека закрепнува и уредно прима терапија, но дека опимизмот никогаш не ѝ недостигал.

-Се уште не е се во ред, под терапија сум, а прогнозите ги знае само оној горе. Ми недостига малку повеќе да се движам, малку повеќе да излегувам, но навикнав секогаш нешто да ми фали, така што во ред е, може и вака - рекла Марина и признала што ја одржало во најтешките моменти во борбата со страшната болест.

-Многу е тешко. Сите оние кои велат дека треба да се бориш во тие моменти не знаат дека тогаш не знаеш каде ти е главата, а каде задникот. Оставаш работите да одат по својот тек, им се препушташ на докторите и судбината и секако не размислуваш за смртта - рекла таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега