ФОТО: „Среќен роденден љубов моја“ - Ременски со емотивна честитка за својот сопруг
Пратеничката Фросина Ременски напиша романтична роденденска честитка за својот Јовче.
-СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЉУБОВ МОЈА
Вистинските вредности, мотиви и цели за иднината доаѓаат од љубовта и почитувањето како извори на животот на една душа во две тела. Без нив не може да се достигнат, вреднуваат и почитуваат нештата што ги создаваме и градиме заедно - нашите деца, нашиот дом, домашното воспитување, човекољубието, правдољубието и слободата кој не смее да биде заложник на ништо.
Со мојата генерација, мојот најдобар другар и љубов Jovche Remenski го одиме патот на праведните и слободоумните луѓе, кој е трнлив но, спокоен, стрмен но, праведен, убав - исполнет со моменти кои не исправаат пред непокочебливата емпатија кон луѓето, другарство кон пријателите, силата да се издржи се и неизмерната љубов кон нашите синови и децата на сите родители на овој свет - напиша Ременски на Фејсбук.
Фросина е подолго време во брак со Јовче Ременски, кој е вработен во УБК. Двојката има два сина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа