Пејачка хоспитализирана поради губење на видот - стравува од целосно ослепување
Британската пејачка и поранешна членка на „Спајс Грлс“ Мелани Браун е итно пренесена во болница откако на своето семејство му се пожалило дека се чувствува лошо и дека потполно не гледа.
Таа пред 20 години се обиде преку ласерска операција да го подобри видот, но операцијата за жал тргнала наопаку, по што таа трајно го загубила видот на левото око.
Уплашената пејачка овој пат му се пожалила на семејството дека не гледа и била загрижена дека може да ослепи.
Пејачката се уште се наоѓа во болница, а докторите во следните денови ќе утврдат дали се работи за губење на видот или не.
23.05.2019 - 11:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа