„Ми рекоа дека изгледам предобро за да најдам работа“ - Ирина е правник со одлична биографија, но е невработена

 

Откако практично со години безуспешно трагала по работа, дипломираната правничка Ирина Кова која живее во Лондон, решила да покрене сопствен бизнис - продажба на ретро облека преку Интернет.

Оваа Русинка смета дека главна препрека на патот да биде вработена е што е премногу убава и атрактивна, а додала дека секогаш кога разговара со некој за работа, има чувство дека изгледа премногу добро за да работи.

Исто така, Ирина рекла дека жените ѝ завидуваат на фигурата.

 
 
 
View this post on Instagram

 

-Да се биде убав е проблем кога се обидуваш да се вработиш. Имам диплома од правниотфакултет и одлична биографија, но агентот за пронаоѓање работа сепак ме советуваше да ја бојадисам русата коса во друга боја додека се обидувам да најдам работа. Ми рече: „Никогаш нема да најдете работа ако изгледате така“. Беше во право. Кога се бојадисав во потемно, веднаш ми понудија работа. Дури почнав да носам очила, иако ми е видот совршен, само за да делувам професионално - истакнала оваа 33-годишна жена, па продолжила:

-Ми беше ужасно во канцеларија. Еден шеф ми кажа дека треба да престанам да се истакнувам и да научам да бидам понизна и да не го потенцирам тоа како изгледам. Дури престанав да носам високи потпетици.

Додала дека ретко се шминка, затоа што устата ѝ е доволно голема и сама по себе привлекува внимание.

Таа заклучила дека мажите побрзо вработуваат помалку атрактивни жени кои не би им пречеле на работа или затоа што не сакаат проблеми со сопругите.

-Сега започнав онлајн продажба на носена гардероба. На крајот на краиштата повеќе не зависам од туѓото мислење и дали моето лице се вклопува или не - нагласила Ирина.

 
 
 
View this post on Instagram

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега