За возачот Јовица зборува цел регион: Во автобусот му влегла девојка во неволја, а тој веднаш ѝ помогнал
За возачот Јовица деновиве зборува цела Србија и тоа поради најдобра можна причина.
На прв поглед обична приказна, но факт е дека ги разнежни и воодушеви луѓето на социјалните мрежи, приказна која зборува за тоа во какво време живееме и колку еден таков Јовица во нашето секојдневие може многу да значи.
Приказната ја пренела патничка од автобусот кој го возел Јовица, а ние ви ја пренесуваме во целост:
-Секој ден во 10 часот, од автобуската станица во Сомбро тргнува автобус за Стапар и Бачки Брестовац.
Вчера во тој автобус на возачот му пријде девојка и го праша каде е третата станица во Стапар. Тој ѝ одговори дека излеговме од Стапар и дека сме на половина пат кон Брестовац. Девојката не знаеше каде да се симне, а не го праша возачот. Го праша колку далеку сме отишле, дали може да се врати пешки. Тој ѝ рече дека не е во близина, почна да го забавува возилото, но не запре и замолчи. Девојката ја фати паника, а ние сите чекавме што ќе се случи, се почувствува незивесност во воздухот. Автобусот и понатаму се движеше, но многу бавно, а возачот размислуваше, но брзо. И потоа ѝ кажа: „Почекај, не можеш да одиш пешки, сега некој ќе наиде па ќе го запреме“. Додека се возевме во пресрет ни излезе автомобил, возачот Јовица излезе од автобусот, го запре возилото, ги познаваше луѓето, ги замоли да ја однесат девојката назад - каде што требала да излезе. Тие секако прифатија, девојката замина, а ние продолживме. Кога се врати во автобусот, му реков: „Јовица, секоја чест“.
А, тој само скромно замафна со раката во смисла - не е тоа ништо.
Коментарите не престанаа да се нижат под фотографијата од возачот објавена на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа