Ова секој треба да го знае - зошто фрижидерот треба некогаш да се тргне од ѕидот
Фрижидерот е апарат кој најмногу работи во кујната, а ние не му придаваме ни најмалку внимание. Но, внатрешноста на нашиот фрижидер бара малку повеќе внимание, За среќа, се што ви треба е 5 минути слободно време за темелно да ги исчистите кондензаторите.
Секој фрижидер има кондензатор, единица која ослободува топлина која се наоѓа на задната страна од фрижидерот, или на дното напред, Со текот на времето тој може да собере прашина и да троши поради тоа двојно повеќе енергија. Значи дека компресорот мора да работи двојно посилно и да троши повеќе енергија. Но, не само што е неефикасно, туку и неисплатливо, бидејќи на крајот фрижидерот ќе се расипе.
Размислите за тоа на овој начин - замислите да почнете да трчате маратон, а некој ви додава слој по слој облека. На крајот ќе бидете толку оптеретени и тешки што ќе мора да запрете, а исто така се чувствува и вашиот фрижидер.
Решение е да го исчистите конензаторот неколку пати годишно, а тоа е многу лесно. Само извлечете го фрижидерот, а потоа со смукалка и слаба сила, исмукајте ја сета нечистотија и прашина собрана на него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа