Познатиот пејач соопшти дека му починала ќерката: „Мислев дека знам што е загуба“

 

Некогашниот член на планетарно популарната група „Масив Атак“, Трики, соопштил на социјалните мрежи дека неговата черка Мејзи Мина починала.

Трики, чие вистинско име е Адријан Николас Метјуз Тавс, ќерката Мејзи Мина ја добил во 1995 година со пејачката Мартина Топли Бирд.

Причината за смртта се уште не е позната.

Трики на Фејсбук објавил потресно писмо во кое ја кажува веста.

-Мислев дека знаев што е загуба, но сега мојата ќерка замина. Сфатив дека немав поим што е тоа. Се чувствувам како светот да не постои, знаејќи дека ништо веќе нема да биде исто. Ниеден збор или текст не може да објасни - мојата душа е празна - напишал пејачот.

-Мојата ќерка имаше неверојатен талент за пеење и пишување песни, песни кои ќе бидат завршени и слушани.

Твоите зборови и песни ќе живеат, јас ќе се погрижам за тоа. Немам сила да погледнам твоја фотографија сега - луѓето ќе го чујат твојот глас и песните. Ти си моето срце - она што остана од него. Те сакам Мејзи Мина, тато - завршува Трики.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2019 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега