ВИДЕО: Драматична сцена на натпревар - играч погоди девојче со топка, па почна да плаче

 

Играчот на бејзбол тимот Кубс, 25-годишниот Алберт Амора, од шок не можел да си дојде при себе, затоа што на натпревар против Хјустон со топче случајно погодил 4-годишноп девојче.

Алмора силно ја удрил топката со палката, а таа одлетала на трибините и го удрила несреќното дете. Кога видел што се случило паднал на колена и почнал да плаче.

-Слушнавме вресок. Го видовме таткото кој го зграби детето и истрча кон излезот. Беше при свест, делуваше дека не е ништо сериозно - рекол Давид ЛеВасеур кој ја фатил топката.

Алмора дошол до местото каде се случила несреќата, за да се распраша за состојбата на детето. Жената од обезбедувањето му рекла дека е повредена, но дека е при свест и дека ќе биде добро. Кога тоа го слушнал тој ја прегрнал жената и почнал да плаче. Неговата емотивна реакција никој не оставила рамнодушен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2019 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега