Остана жива благодарение на молитвите и верата: Туцаковиќ секоја вечер ја сонува мајка Марија

 

Познатиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ полека но сигурно се опоравува од ракот кој и беше откриен пред две години.

Лекарите тогаш не беа многу сигурни дека на Туцаковиќ и остануваат уште многу денови живот, но очајната Марина спасот го бараше на секој можен начин и не се откажа во ниту еден момент.

Па така покрај многуте работи кои ги направи и лекувањето во Германија, таа замина и на гробот на Исус во Ерусалим за да се помоли за своето здравје.

Откако се вратила од таму следувало вистинско чудо, пренесуваат српските медиуми.

Имено тие пишуваат дека молитвите за спас и здравје на Туцаковиќ се исполниле и од тогаш таа се чувствува се подобро и подобро. За се да биде уште по мистериозно таа секоја ноќ ја сонува и мајка Богородица и во сон таа и вели дека е божјо дете, да е посебна и дека сигурно ќе се излечи.

По оваа самодоверба во верата Марина редовно оди на литургии и редовно пости, а ветила и дека уште еднаш ќе замине за Израел штом целосно оздрави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега