Џенифер Лопез ги загрижи фановите: Објави фотографија со модринка на окото

 

Џенифер Лопез објави фотографија на социјалните мрежи на која има покриена модринка на окото. Лопез под фотографијата напиша: „гламурозен живот“.

Американските медиуми пишуваат дека не им се познати причините за повредата, но голем број од фановите се загрижени дали пејачката во ваква состојба ќе биде во можност да ја продолжи планираната турнеја.

Лопез треба да ја одржи својата четврта турнеја It’s mu party tour, што ја организирала како своевидна прослава за својот 50. роденден. Во рамките на турнејата ќе се одржат 36 концерти, и тоа на четири континенти.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2019 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега