Денеска се петровденски поклади - кои работи треба, а кои не треба да се прават на денешениот празник

 

Петровденските поклади, секогаш паѓаат во последниот ден пред почеток на Петровденскиот пост.

И за овој, како и са сите останати празници, во народот има многу верувања и обичаи.

Според народните верувања, денеска задолжително би требало сите добро да се најадат, како би се подготвиле за престојниот голем пост.

Во некои краеви се верува дека оние кои ќе се огрешат од ова правило и по некој случај, не изедат нешто мрсно и сласно може да имаат несреќна година.

И додека меѓу народот се шират разни суеверија и обичаи, црквата ги отфрла сите, како и оние според кои на денешен ден не треба никако да се чешлате, бидејќи сета коса може да ви падне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2019 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега