После инфарктот се огласи и Беквалац - татко ѝ итно хоспитализиран, пејачката не може да си дојде при себе

 

Таткото на српската пејачка Наташа Беквалац и познатиот фудбалски тренер Драгољуб Беквалац (66) доживеал срцев удар поради што бил хоспитализиран во болница во Нови Сад.

За среќа удар не бил многу силен, а по девет дена престој во болница му биле вградени и два стента, по што неговото здравје започнало да се подобрува.

-Не коментирам работи од приватниот живот, особено за моето семејство, ниту за својот приватен живот, вели Наташа за српските медиуми.

Здравствената состојба на нејзиниот татко ја извадил од колосек пејачката и и ги пореметиле плановите и приоритетите, вели извор близок до пејачката.

-Велат дека сум жена која секогаш се издигнува од пепелта и продолжува понатаму, но сакам да не е така. Сакам да ми е подобро, но сепак туркам и имам насмевка на лицето, таква сум јас, вели Беквалац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега