ФОТО: Позираше во минијатурно бикини, ама наместо лајкови доби куп навреди и критики
Инстаграм ѕвездата Натали Шлатер го избришала својот профил на друштвените мрежи после скандалот кој ѝ се случил. Имено, оваа млада дама објавила наизглед нормална фотографија, а со истата сакала да искаже благодарност на својот живот, но за тоа избрала драстично погрешен начин.
Натали отишла на патување во Индонезија каде направила прекрасни фотографии, а меѓу другото таму се нашла и една на која позира во минијатурно бикини пред поле со ориз.
Згодна жена, убава природа, добро осветлување - фотографијата има се за собирање лајкови, да во кадарот не упаднал човек кој ја обработува земјата.
Овој детаљ сепак на младата блогерка ѝ изгледал интересно, па решила да го искористи за на својата објава да ѝ даде „емотивно“ значење, но тој потег ја чинел кариера.
„Размислувам за тоа колку е поинаков мојот начин на живот од животот на човекот кој собира ориз секое утро“, напишала таа со желба да укаже на фактот дека е благословена со квалитетен живот, но нејзините 12.000 слдбеници тоа поинаку го протолкувале.
Лоши коментари, навреди и критики се нижеле еден по друг, а бројот на следбеници паѓал од минута во минута.
„Се чини дека сите екстремно погрешно ме сфативте во претходната објава. Свесна сум за своите привлигеии и колку благодарна треба да бидам на се што имам. Сакав да кажам колку внимателно работат луѓето во Индонезија, не сакав да бидам безобразна. Жал ми е ако некој навредив, не ми беше тоа намерата. Бидете љубезни кон другите и ширете љубов, а не омраза. Јасно ми е дека многумина мојата реченица погрешно ја протолкуваа поради климата во која живееме и да можам да го вратам времето, поинаку би го кажала“, рекла блогерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа