ВИДЕО: Трамп во Осака дошол без Меланија, но брзо нашол замена - сите го поврзуваат со оваа жена

 

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Јапонија, на самитот Г20 бил без сопругата Меланија, а тоа го искористил, како што тврдат друштвените мрежи. да „фрли око“ на првата дама на Аргентина, Џулијана Авадо.

Џулијана инаку важи за една од ретките жени кои може да парира на убавината на Меланија, а однесувањето на Трамп дефинитивно ги потврдува ваквите тврдења.

Додека светските лидери позирале за потребите на заедничката фотографија, Трамп се свртел кон аргентинскиот претседателски пар, кој стоел зад него, им шепнал нешто, па сите гласно се насмеале, а тој потоа гордо се свртел напред, со насмевка од уво до уво.

Пред оваа ситуација, Доналд и Џулијана при нивното поздравување се ракувале и се бакнале, па тоа предизвикало лавина коментари на интернет.

Претседателот на Аргентина и неговата сопруга инаку во својата држава се познати по тоа што разменуваат нежности на отворено, но и по нивните опуштени изјави за сексуалниот живот.

Имаат една заедничка ќерка Антонија, додека Џулијана од претходниот брак има една ќерка Валентина, а Маурисио три деца од првиот брак.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега