Српскиот доктор откри како да ги заштитите децата од комарци - дајте им да го пијат овој напиток
За комарците да не ги касаат децата, препорачливо е да им дадете да го пијат ова.
Најпознатиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ од детската клиника во Србија, им даде совет на родителите, како да ги заштитат децата од каснувања на инсекти.
-Најнепријатната работа за нас се инсектите кои касаат. Такви има скоро 17 видови. Мравки, бубашваби, комарци...Децата бурно реагираат на таквите убоди. Ова лето ќе гледаме деца чии раце и нозе се прекриени со убоди, пликови и рани.
Тие деца се чешаат и со тоа чешање внесуваат во телото стафилокока и се создава инфекција. Новите лекови за алергија слабо делуваат на чешањето, па терапијата добиена од лекарите и не делува.
Комарците може да се одбијат така што на детето ќе му дадете да пие витамин Б1. Тој витамин ќе создаде мирис во детското тело кој е одбивен на женските комарци кои касаат. Сличен е ефектот и со лукот.
Кога станува збор за домот, сите тие репеленти кои се користат против комарци не се добри по здравјето, но копривата може да помогне комарците и разните инсекти да се избркаат од домот.
Копривата убива се што постои, Копривата се бере и се става во вода, па во фрижидер да отстои 5 дена. Таа вода се префрла во распрскувач и се прска се во домот. Тој мирис ќе ги растера сите инсекти од домот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа