„Бизарна мутант од старица и девојче“ - беше олицетворени за убавина, а денес добива само критики за изгледот
Една од најуспешните холивудски актерки, 52-годишната Никола Кидман се појави на меѓународното доделување на награди во Сицилија, каде меѓу другото на бина се појави како една од добитниците, но она што на сите им западна во око е нејзиниот изглед.
Имено, ретко кој не забележа дека изгледа необично младолико за свои години и дека лицето премногу ѝ е затегнато, па некои едвај ја препознале, па на Твитер се коментира дека изгледа како „бизарен мутант од старица и девојче“.
Таа во 2007 година демантираше дека била на некакви естетски зафати и корекции и тврдеше дека нејзиниот блескав тен е резултат на здравиот начин на живот.
„Се на мене е природно. Користам само заштитна крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе и горда сум што тоа можам да го кажам“, изјавила Кидман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа