Белграѓанка главен макро на приморјето: Црногорски политичари порачуваат ВИП проститутки од Србија
Поранешна водителка, Плејбој зајачица и две ѕвезди од реални шоуа се најчести гости кај црногорските политичари и нивните богати пријатели, пишува Курир.рс.
Според извор на српски Курир, црногорските богаташи кои со елитни проститутки се забавуваат на луксузни јахти и во луксузни хотели, тие ги обезбедуваат преку една позната белграѓанка.
Девојката која е посредник, т.е макро и самата цело лето го поминува на Јадраноти е во исклучително добар однос со моќниците од соседните држави.Нејзиното име е добро познато во Србија, бидејќи едно време била добра и со припадниците на Земунскиот клан, а позната е и по бурниот љубовен живот, вели извор за „Курир.рс. и нагласува дека таа е позната и на српските истражни органи.
Според него за оваа девојка работат најмалку три поранешни ријалити учеснички, водителки и модни креаторки, тие се најплатени анимирани дами кои работат за Мадам од Белград.
Викенд цена за нејзините девојки е од 2000 до 2500 евра. Политичарите на Црна Гора контактираат со нив преку жени кои ги познаваат со години и имаат доверба во нив.Таа им ги договара средбите, но пликоата со пари ги добиваат девојките после завршената работа, објаснува тој.
Изворот нагласува дека една од сталетите која работи со Мадам од Белград е позната старлета која неодамна објавила книга, а апсена е и поради дрога, додека другата се претставува како моден креатор и пејачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа