Тажна вест: Почина професорот Стефан Сидовски- Сидо

 

Почина професорот по филозофија Стефан Сидовски- Сидо, кој 36 години предаваше во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а беше и вонреден професор во ЕСРА по историја на филм и теорија на филм.

Сидовски беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм.

Познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.

Тој е автор на филмовите: Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016)…

Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2019 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега