Славниот холивудски актер направи инцидент на одмор
Популарниот холивудски актер Хју Грант, направил инцидент во Рим каде на една жена и го земал телефонот и ја нападнал без причина.
Тој со сопругата се шетал низ Рим, кога пред него се нашла Луиса Мелара која работи во комунална компанија. Таа ги снимала работниците, а тој мислел дека го снима него, па буквално насилно и го земал телефонот од рака.
Жената за светските емдиуми тврди дека не го ни препознала актерот, и дека направил инцидент за ништо.
Потоа и бил вратен телефонот.
05.07.2019 - 18:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа