Пријател на Харадинај го провоцира синот на Цеца: „Не си борец, имаш само пари“
Приказната за борбата меѓу Петрит Мазрекај , близок пријател на Рамуш Харадинај и Вељко Ражнатовиќ, син на Светлана Цеца Ражнатовиќ, како да стивна. Голема прашина се крена околу тоа дали ќе дојде до меч, а како потенцијален датум се наведува 31. август.
Наводно, најголем проблем е локацијата на одржување. Инаку приказната ја започна борецот Петрит Мазрекај, кому Харадинај лично му врачил албанско знаме на еден од свечение приеми поради спортски остварувања. Тој јаного провоцирал Ражнатовиќ велејќи дека сите мечеви му се наместени.
Вељко Ражнатовиќ набрзо потоа одговори на провокациите:
-Ма, досадни се веќе со тоа и Мазрекај и сите останати кои зборуваат. Не обрнувам внимание на тие коментари. Ја терам својата приказна, што да правам. Фала му на Бога, има се повеќе луѓе кои го разбираат мојот труд и одрекувања и знаат тоа да го почитуваат. Секако дека ниту еден меч не бил наместен. Искрено, мислам дека тоа е само негов маркетиншки трик. Ако е предизвикувач, тогаш по некои непишани правила треба да дојде во Србија да боксуваме. Нереално е човек кој е 10 килограми полесен од мене да зборува за меч. Без оглед на се, навистина би сакал да дојде до таа борба и таа да биде во Србија - рекол Ражнатовиќ.
Дека Петрит Мазрекај е сериозен во својата намера да се бори со Вељко, сведочи следната изјава на албанскиот борец.
Имено тој порачал дека „Вељко Ражнатовиќ воопшто нене борец, односно дека има само пари, и тоа е тоа“. Уште еднаш додал дека е подготвен за меч со него да не земе ниту цент, односно дека не би продал меч ниту за цела Приштина, алудирајќи на претходната изјава како Ражнатовиќ ги купува сите победи.
Петрит Мазрекај истакнал дека, што се однесува до него, воопшто нен е проблем да си ја одмери силата со Вељко Ражнатовиќ, дека е подготвен уште сега, но дека чека одговор од другата страна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа