Американците се подготвуваат населување во Русија: Кога климата кај нас ќе стане неподнослива, ќе го населиме Сибир
Американското списание "Huffington Post" во текст со наслов "Заборавете на колонизација на Марс, сите можеме да се преселиме во Русија кога светот премногу ќе се загрее", сериозно ја заговара идејата за колонизација на преголемата Русија кога климатските промени ќе станат неподносливи.
Сите знаеме дека Русија е огромна, речиси два пати поголема од Канада. И сета таа огромна површина е одвај населена: по глава на жител доаѓа четири пати поголема територија отколку во САД, пишува Елија Кабанов.
Сибир е огромен и според руските стандарди: зазема 77 проценти од територијата на Русија, а во него живеат само 27 проценти од жителите, односно 39 милиони луѓе. Главната причина за тоа е суровата клима. Земјиштето е постојано замрзнато, снег и мраз го покриваат речиси цел Сибир, што оневозможува земјоделство и градење. Количината на дождови е премала, се наведува во текстот.
Меѓутоа, тоа би можело да се промени благодарение на климатските промени. Научниците од Истражувачкиот центар на НАСА - Ленгли и Истражувачкиот центар во Краснојарск во истражувањето наведуваат дека во 80-тите години од овој ќе има неминовен пораст на температурите и врнежи кои ги подобрат условите за населување на азискиот дел на Русија.
Сегашната сурова клима ќе стане поблага и попријатна и Сибир ќе биде девет пати подобро место за живот на луѓето, па и за налетот на климатските мигранти.
Авторите на истражувањето велат дека до 2080-та година просечните јануарски температури во Сибир ќе бидат повисоки за 3,4 степени, а можеби дури и за 9,1 степен. Јулските температури ќе се зголемат за 1,9 степени, во екстремни случаеви за дури 5,7 степени. Просечната количина на дождови годишно ќе изнесува до 60 милиметри по поблаго, а до 140 милиметри по екстремно сценарио.
Во двете сценарија, климата во Сибир до 80-тите години од овој век ќе биде многу потопла и попријатна. Зоната на вечен снег и мраз ќе остане на североистокот, а условите за живот во азискиот дел на Русија ќе се подобрат за три до девет пати.
мафростот на северот на Сибир ќе почне да се топи, што ќе овозможи развој на земјоделството. Нема да биде се идеално: недостигот на плодна земја би можел да го ограничи земјоделството без разлика на потоплата клима. Освен тоа, топењето на замрзнато земјиште е погубно за постоечката инфраструктура ако што се патиштата и куќите, кои веќе пропаѓаат поради топењето на вечниот мраз.
Конечно, американскиот новинар потсетува дека доаѓањето на климатските мигранти во Русија многу ќе значи и за поправањето на руската популација, за која истражувањето на ОН предвидува дека до 2050-та година ќе опадне од 143,9 милиони на 132,7 милиони.
Климатските мигранти би можеле да бидат единствен начин Русија да ја надомести таа загуба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа