Ужасна снимка од Русија: Жена се породи зад грмушка и го остави бебето во кеса зад продавницата
Една мајка (36) од селото Черемшан во Татарстан во Русија е фатена на камера како го остава своето тукушто родено бебе во кеса зад продавницата во која работела.
Снимката ги шокираше сите, а полицијата успеа да ја пронајде оваа жена. Според пишувањето на руските медиуми, кога почнало породувањето, таа не повикала помош, туку се скрила зад грмушка и сама се породила.
Ја пресекла папочната врвца, а потоа од торбата извадила кеса, во неа го ставила новороденото машко бебе, го оставила зад дуќанот и заминала.
Плачот на бебето го чуле работниците кои веднаш повикале итна помош и полиција. Детето е однесено во болница, каде е згрижено и не е животно загрозено.
Следниот ден полицијата ја уапси жената, која е мажена и веќе има две деца на возраст од 8 и 10 години.
Како што пишуваат локалните медиуми, се претпоставува дека сопругот не е татко на третото дете поради што се обидела да се ослободи од бебето. Против неа ќе биде покренато обвинение за обид за убиство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа