„Се чувствувам како да се кршам, се плашам“ - актерката со години се бори со тешка болест и ѝ станува се потешко
Американската актерка, 47-годишната Селма Блер на Инстаграм напиша дека поради мултипла склерозата од која боледува, се чувствува „сама, ранлива и исплашена“.
Селма откри дека неодамна за време на прошетка се лизнала и паднала.
„Не се сеќавам дека тоа воопшто се случило. Не се сеќавам ниту на болката. Ми кажаа. Сум го набилазглобот и сега се чувствувам уште поранливо“, напишала актерката.
Селма исто така рекла дека страна од грчеви во лицето и на вратот и дека неодамна се заразила со цревна вироза од својот 8-годишен син Артур.
Актерката рекла дека во моментов се гриѓи за својата иднина како самохрана мајка.
„Не умирам јништо повеќе од некој друг. Едноставно ме боли. Се чувствувам како да се кршам. Тоа е вистината која можам да ја дадам на оние кои така се чувствуваат. Кутра сум. Не се чувствувам добро. Многу ми е жал“, напишала таа.
Таа рекла дека објавата ја напишала во раните утрински часови. Во неа се заблагодарила на сите кои ја поддржуваат.
„Нека не опкружи надежта и оптимизмот и нека не извади од темнината. Ви благодарам на сите што сте полни со љубов“, напишала таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа