Полубратот на Меган Маркл стана бездомник: „Таа е на пиедесталот, а не го гледа семејството“

 

Хаосот на семејството Маркл продолжува. Том Маркл, 53-годишниот полубрат на Меган Маркл од страната на неговиот татко, стана бездомник, тврдејќи дека презимето му одземало многу можности за живот.

Маркл, за британскиот „Дејли меил“ изјави дека останал без покрив над главата и дека имал многу проблеми заради презимето. Тој ја нападна брачната двојка Хари и Меган дека се фалат со нивната работа во добротворни цели, но дека не даваат трошка помош за сопственото семејство.

Тој ја загубил работата и ги загубил своите соработници. Поради сето тоа, тој морал да се пресели назад во домот на неговата мајка во Мексико, за да не заврши да живее под мост.

„Јас сум бездомник и би можел да бидам сега под мостот, со знак од картон и да молам за пари“, изјави тој.

-Таа е на кралскиот пиедестал и не гледа што се случува со нејзиното семејство. Требаше да биде похуманитарна за нас, тврди Том, која неодамна се осврна на нејзината одлука да се пресели со Хари во Канада.

Вели дека тој не го поддржува овој чекор, но дека на крајот приказната се сведува на тоа дека „двајца кои се за заљубени и сакаат да го живеат својот живот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега