Драма во Радовиш: Го приведеле за тепачка, па признал дека украл и автомобили

 


Вчера во Полициската станица Радовиш е извршен службен разговор со А.А.(21) од село Злеово, радовишко, кој претходно беше приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во село Злеово.

Во разговорот тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“, а извршил и две кривични дела „одземање на моторно возило“ на подрачје на Струмица.

Од него се одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 
20.05.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега