Патот Струмица-Берово е блокиран поради сообраќајна несреќа
Од 22:10 часот вечерва, сообраќајот на регионалниот пат Струмица–Берово е во целосен прекин кај таканаречената Сарајска раскрсница, поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување, а повеќе детали за инцидентот засега не се објавени. Возачите се повикуваат на внимателност и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата, велат од АМСМ.
30.07.2025 - 22:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа