Приведен возач на Долно Блаце - возел автомобил кој се барал од Интерпол-Германија

 


Вчера во 11:50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Ф.(56) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола констатирано е дека патничкото возило „џип“ со германски национални ознаки кое го управувал евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол-Германија и било предмет на потрага.
 

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.    

11.07.2025 - 16:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега