Силно се стресе Грција

 

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот регион во јужниот дел на Егејското Море, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Епицентарот на земјотресот, кој не предизвика жртви и материјална штета, беше во морето, на 15 километри од грчкиот остров Касос.

Земјотресот бил почувствуван на островите Кос, Родос и Крит, објавија грчките медиуми, додавајќи дека има извештаи дека земјотресот бил почувствуван дури и во Египет.

Предупредувања за цунами се издадени до жителите на Родос и Касос.

Грција е склона кон земјотреси бидејќи лежи на неколку раседи во југоисточниот Медитеран.

14.05.2025 - 20:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега