Словенија: Тешка несреќа на автопат, најмалку петмина мртви

 

Најмалку пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Најмалку пет лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Словенија.

Според првите информации од полицијата, возачот на комбето удрил во камион кој стоел во колоната.

Несреќата се случила околу 10:30 часот на штаерскиот автопат во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана.

Првично беше објавено дека четири лица загинале, а две се повредени, но подоцна полицијата потврди дека уште едно лице починало. Ниеден од загинатите не е државјанин на Словенија.

Службите за итни случаи се на терен, како и воен хеликоптер кој слета недалеку од местото на трагедијата.

30.07.2025 - 22:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега