Јаневска: Економијата се движи во добар правец, верувам дека дел од иселениците ќе се вратат во Македонија
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изрази загриженост поради податокот дека минатата година во образовниот систем недостасувале околу 17.000 ученици и студенти – бројка што според неа е последица на иселувањето во изминатите седум години.
Таа додаде дека потребен е координиран пристап и долгорочна стратегија која ќе овозможи младите да ја гледаат својата иднина тука, преку подобрување на условите за образование, креирање на можности за професионален развој и обезбедување на економска стабилност.
„Искрено се надеваме дека ако успееме да направиме сѐ што беше во предизборната програма, можеби дел од населението, ќе почне да се враќа во Македонија. Ако обезбедиме услови, а јас верувам дека и ќе обезбедиме. Подобрата економија е секогаш голем предизвик за луѓето што се наоѓаат во странство“, кажа Јаневска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа