Се обеси дедо во својата куќа во Тетово

 

Синоќа околу 19:50 е регистриран уште еден случај на самоубиство во Тетово.

Најблиските го пријавиле случајот на самоубиството на 68-годишниот Џ.И. на улицата „167“ без број.

Тој бил пронајден обесен во потпокривот на неговата куќа.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина.

На телото од починатиот не биле пронајдени траги на насилство.

Сепак полицијата пронашла други траги и предмети што биле земени за вештачење. 

Според податоците на полицијата, годинава во тетовското подрачје се регистрирани вкупно 14 самоубиства и осум обиди за самоубиство, а на гостиварското подрачје имало две самоубиства и 34 обиди за самоубиства.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега