Двајца пензионери од тетовско си го одзеле животот
Од полицијата во Тетово информираа дека во рок од два дена се случиле две самоубиства на двајца пензионери. Во првиот случај станува збор за 72 годишниот В.К. кој скокнал од балкон од вториот кат, од зградата на улицата „19 Ноемеври“, а неговото безживотно тело било пронајдено на асфалтната патека по што веднаш увид извршил јавниот обвинител и екипи од СВР Тетово, како и лекар по судска медицина. Не биле откриени никакви траги од насилство, а по наредба на јавен обвинитл веднаш телото било предадено на семејството.
Во вториот случај пак, полицијата извести дека самоубиството се случило околи 19 часот и 50 минути. Телото на 68 годишниот Џ.И. го откриле најблиските, по што случајот веднаш го пријавиле во полиција. Тој бил пронајден обесен на порпокривот на неговата куќа која се наоѓала на улицата „167“ без број. Како и во првиот случај веднаш било извршено увид од страна на јавен обвинител и екипи на СВР Тетово како и лекар по судска медицина. Не биле откриени никакви траги од насилство. Но, биле пронајдени други траги и предмети што биле земени за вештачење.
Според МВР годинава се регистрирани 14 самоубиства во тетовскиот регион, и осум обиди за самоубиство, додека во гостиварско досега се извршени две самоубиства и имало 34 обиди за самоубиства.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа