ФОТО: Страшна сообраќајка пред Охрид - четири лица во болница
Минимум четири лица, од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочан, јави Курир.
Повредените се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде се уште им се вршат лекарски прегледи.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во изјава за Курир вели дека до несреќата дошло откако автомобил „Шкода“ со охридски регистерски таблички кој се движел од Кичево кон Охрид, се излизгал на коловозот и преминал во спротивната лента, при што дошло до директен судир со „Опел корса“ со тетовски таблички.
Повеќе фотографии од сообраќајната несреќа може да погледнете ТУКА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа