Тројца повредени на автопатот Скопје-Тетово - сообраќајка ја потресе Македонија

 

Три лица се потешко повредени и се задржани во болница по сообраќајката што синоќа околу 22 часот и 30 минути се случила на автопатот Скопје-Тетово во непосредна близина на Добарскиот надвозник. Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката била предизвикана од патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици управувано од  33-годишниот М.Т. од Гостивар, кое  удрило во запрено патничко возило „Опел“ со скопски таблици што го управувал 54-годишниот скопјанец М.К. Скопјанецот имал потешкотии со движењето и на него му помагале да се извлече од снегот двајца жители на Охрид, А.Н.(24) и Г.Ш.(31) кои биле во патничкото возило „Форд“ со охридски таблици.

- Од удирот возачот на „Опелот“ задобил телесни повреди по што бил пренесен  и задржан за опсервација во тетовската клиничка болница. Во несреќата со далеку потешки последици завршиле двајцата охриѓани кои по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле префрлени на скопските клиники. Извршен е увид и се расветлуваат причините и се друго поврзано со оваа несреќа. Првично причина е неприлагодена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари изјави, Јосифовски.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега