Ова е темната страна на карневалот во Рио - ретко кој знае што се крие зад оваа глетка
Можеби и најголемата атракција после самото фантастично доживување се и секси танчерките кои покрај жешките звуци на самбата ги поттикнуваат луѓето да танцуваат.
И покрај сите убавини и хипер сексуалноста, со кои овој карневал изобилува, тој исто така има и своја, не толку гламурозна страна.
Се проценува дека бразилската поворка во просек ја посетуваат околу 72.000 луѓе, а во текот на карневалот се пријавуваат околу 500 случаеви на расизам, сексисам и хомофобија, но и повеќе од 200 пријави за кражби, обиди за силувања и различни облици на насилство.
Објективизацијата на жените се доведува до ниво на потценување на нивната позиција во општеството, а секоја година во овој бразилски град расте и бројот на силувања.
Покрај минијатурните костими, многу танчерки играат и сосема голи, а на карневалот гласи и правилото: “Колку помалку, толку подобро!”.
Сепак, на овој карневал не се појавуваат само згодни и насмеани танчерки кои со своите облини заведуваат покрај звукот на самбата, туку им се придружуваат и многу луѓе кои и немаат толку пријатен изглед а згора на тоа носат и уште побизарни маски.
Токму поради ваквото дефиле вториот ден на карневалот се нарекува уште и мрачна страна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа