Уште не му се родил синот, а тој го направи ова - фановите изненадени на што се е подготвен Бали-бег
Турскиот глумец Бурак Озчивит му отвори Инстаграм-профил на синот Каран што треба да се роди во април. Иако на профилот нема ниту една слика, неродениот син на Неџла и Бали-бег има преку 80.000 следбеници. Тој профил, пак, следи само двајца луѓе, Бурак и Фахрие Озчивит.
Според турските медиуми, популарниот глумец го направил ова за да заработи на раѓањето на синот, уште додека Фахрие е бремена. Тие неодамна пишуваа дека Бурак за неродениот син отворил сметка во банка на 2 милиони евра, а дека купил и куќа која е на негово име.
На сметката во банка ставил 300.000 евра. Бурак во бременоста на својата сопруга ѝ забранил да вози автомобил и пречесто користење на мобилен телефон.
Фановите бурно реагирале на отворањето на Инстаграм профил на нероденото бебе.
Му замериле дека на синот кој уште сега има 79.000 следбеници сака да заработи пари и да собере спонзори, кои би плаќале за малиот Каран да ги рекламира на својот профил.Бурак наводно тоа го направил за да го заштити бебето од лажни профили кои луѓето може да ги отворат откако ќе се роди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа