Дајана 2 недели пред свадбата пронашла кутија - вака ја открила најголемата тајна

 

Во 1996 година принцезата Дајана и принцот Чарлс се развеле после 15 години брак. Без сомнение една од главните причини е тоа што Дајана, како што сама велела, се чувствувала како трето лице во бракот.

Принцот Чарлс бил во врска со Камила Паркер Боулс пред да стапи во романса со принцезата Дајана, а раскинале во 1971 година кога принцот ѝ се придружил на Британската кралска воена морнарица.

Две години подоцна Камила се омажила за Ендрју Паркер Боулс и тогаш се чинело дека не постоела никаква можност зза заедничка иднина меѓу Камила и Чарлс. Како што е познато, Чарлс во 1980 година почнал да се гледа со тогаш 19-годишната Дајана Спенсер, а парот се венчал во јули наредната година.

И покрај раздвојувањето и новите партнери, чувствата меѓу Чарлс и Камила не можеле туку така да исчезнат, па парот во 1986 година ја обновил љубовната романса, иако и двајцата биле во брачна заедница.

Така во 1992 година палатата потврдила дека имале сериозни брачни проблеми меѓу Чарлс и Дајана, односно дека тие двајца се развеле во декември.

Пет години подоцна принцезата Дајана отворено зборувала во интервју за начинот на кој дознала дека нејзиниот сопруг има афера.

Дајана открила кутија само неколку денови пред венчавката. Ја отворила, а внатре имало бразлетна.

„Се уште бев премногу незрела за да ги разберам сите порака на кои наидував по пат. И тогаш едно лице од неговата канцеларија ми кажа дека мојот сопруг нараквицата ја наменил за неа“, рекла принцезта.

„Еден ден отидов во неговата канцеларија и го прашав тој човек каде се наоѓа таа кутија, а тој ме советуваше да не гледам. Ја отворив и таму најдов нараквица, после што бев очајна и бесна. Зошто не можеше да биде искрен со мене?“, се запрашала Дајана тогаш.

Врз основа на записите на Ендрју Мортон кој ја бележел биографијата на кралското семејство, јавноста дознала дека на нараквицата  биле изгравирани две букви „Г“ и „Ф“, а очигледно станувало збор за надимаци кои Чарлс и Камила си ги дале еден на друг - Гледис и Фрес.

Сето ова се случило само 2 недели пред венчавката, поради што Дајана сакала да ја откаже церемонијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2019 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега