Несреќа: Носел пиштол во торбата за пелени, па по грешка го застрелал бебето
Американец носел наполнет пиштол во торбата со пелени и случајно ја застрелал својата ќеркичка додека ја пресоблекувал ,а куршумот го погодил и него.
Несреќата се случила во саботата попладне во пицерија во предградието на Бирмингем во американската држава Алабама. Таткото , чиј идентитет не се соопштува, бил на задното седиште на автомобилот и и менувал пелени на својата ќеркичка.
Наеднаш испукал неговиот пиштол, што го носел во торбата со пелени.
Куршумот од торбата, што била оставена на подот на возилото , поминал низ ногата на таткото и на бебето ,а потоа завршил во градите на таткото.
Веднаш била повикана итна помош и билње пренесени во болница. Бебето е во стабилан состојба и се опоравува , додека таткото е во критична состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа