Мозочниот удар лесно се препознава - доктор Савиќ објаснува колку време имате да стигнете до лекар

 

Србија заедно со Русија и Бугарија е земја со најголема стапка на новозаболени од мозочен удар во Европа. Истовремено, мозочниот удар е  прва причина за смрт кај повеќето жени, а втора причина за смрт кај мажите.

Д-р Милан Савиќ, невролог и директор на Специјалната болница „Свети Сава“, вели дека меѓу главните причини за оваа вознемирувачка статистика се врзани две работи:

-Првата е игнорирањето и нелекувањето на факторот ризици кај оние кои ги имаат, а друга е доцна јавување кај доктори, иако симптомите на мозочниот удар се лесно препознатливи и тешко може да се заменат за симптоми од некоја друга болест - вели докторот.

-Не треба да се чека симптомите да поминат, туку веднаш да се побара Итна помош, истото важи и во ситуации која симптомите после неколку минути или часа се повлечат. Тоа е вистина, ретко се случува, но пациентите сметаат дека со повлекувањето на симптомите нивниот проблем е решен - вели проф. д-р Савиќ.

Според тоа што го вели тој, пациентите кои на време се јавуваат може да си помогнат да повеќе начини, зависно од тоа каков мозочен удар доживеале. Да речеме, може хемиски со лек да им се разбие тромбот или тромбот механички да се отстрани и така повторно да се создаде циркулација на крв.

Пциентите кои примаат терапија во овкирот од 3 часа од првите симптоми, имаа 30 отсто поголеми шанси мозочниот удар во рок од 3 месеци да им остави помали оштетувања или дури и целосно да закрепнат. покажуваат студиите на американскиот Национален институт за невролошки пореметувања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега