Легендарниот актер после 45. години брак го прашале дали ја сака сопругата - дал импресионирачки одговор

 

Миша Јанкетиќ гостувајќи во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ раскажал една интересна ангедота кога млада новинарка му поставила прашање за бракот со Свјетлана Кнежевиќ.

-Јас ѝ кажав дека 45 години сум во брак, имам 4 деца и 3 внуци - ја започнал Миша приказната, а потоа додал дека таа го прашала дали ја сака својата жена, по што тој останал запрепастен.

-Слушај, после толку време и толку деца, девојко, не знам - рекол Миша и предизвикал смеа и ракоплескање во студиото, но тоа не бил крај, па актерот продолжил:

-Не знам дали ја сакам својата сопруга, но знам дека без неа тешко дека ќе можам да живеам - рекол кратко и јасно и со пар реченици опишал колку е среќен и има складен брак.

Јанкетиќ почина 81-годишна возраст, вчера во Белград почина познатиот филмски и татарски глумец, Михајло Миша Јанкетиќ.

Јанкетиќ имаше импозантна кариера, направена исклучително врз основа на своите актерски способности, пишуваат белградските медиуми.

Тој бил дете од дом и како штитеник на државата, по 18 година сам се снаоѓал во животот. Неговиот талент бил бргу забележан и станал член на Југословенското драмско позориште, 1960 година, две години пред да дипломира на Драмска академија во Белград.

Ги играл речиси сите главни улоги во познатите татарски дела.

На пошироката југословенска јавност и стана познат преку филмските улоги во сериите,, Подобар живот“, ,,Среќни луѓе“, ,,Сив дом“ и други

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега