На 15 години се прослави како проститутка во скандалот со двајца фудбалери - денес троши милиони
Захија Дехар на насловните страници по магазините се појави во 2010 година кога откри дека двајца славни француски репрезентативци Френк Рибери и Карим Бензема ѝ платиле за сексуални услуги, а сега се шета и по црвениот тепих.
Таа во времето на скандалот со фудбалерите се уште била малолетна. Захија признала подоцна дека половина година плачела поради тоа што испливало во јавноста, но славата ја искористила.
Прво се „фрлила во модните води“ и работела како модел, меѓу другото и за славни уметници и фотографи и ги красела најпознатите магазини. Сега влегла во светот на глумата и се појавила на промоцијата на филмот „Лесна девојка“ на филмскиот фествал во Кан.
Да потсетиме, фудбалерите биле ослободени од обвинение за заведување малолетничка, бидејќи не знаеле колку години имала. Захија ги излажала дека е полнолетна, а била подарок за еден од фудбалерите и за тоа добила 700 евра.
На скапа гардероба троши големо богатство, а се шепкулира дека сетоа тоа ѝ било платено или се уште ѝ плаќа, таен инвеститор од Хонг Конг.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа