Кората е пресудна при одбирање лубеница - трик за да ја купите најблагата

 

 

 

 

Постојат многу трикови со кои ќе успеете да одберете идеална лубеница.

Но, за овој трик велат дека проверено успева.

Една од најголемите дилеми во овие врели денови е која лубеница од многуте на пазар да се избере и која е најблага. Но, без грижи! Пстојат едноставни трикови кои ќе ви го олеснат купувањето.

Избегнувајте лубеници кои имаат мека кора и бирајте ги оние кои се тешки, особено внимавајте на бојата околу дршката.

Местото каде лубеницата била поврзана со своите листови додека растела може многу да ви каже за нејзината зрелост и за тоа дали е спремна за јадење или е зелена.

Овој дел треба да биде благо жолта боја, бидејќи доколку е зелена тогаш лубеницата не е рела и ќе има вкус на тиква. Доколку е претерано жолта, може да е презреана.

Затоа секогаш бирајте ја онаа лубеница чија боја околу дршката е во боја на путер.

Избегнувајте лубеници кои изгледаат како гребени или имаат неправилна форма. Бирајте лубеници без меки точки и оштетувања.

Зрелата лубеница е многу потешка од онаа која не е созреана. Споредете неколку лубеници со иста големина и изберете ја најтешката.

Многу обожаватели на лубеници се колнат во трикот„чукање на лубеницата“. Чукнете на кората и проучете го звукот - длабок, но празен звук значи дека лубеницата е подготвена за јадење.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега