Пејачот искрено за смртта на неговата сопруга: „Најдов проштално писмо, вистината е дека повеќе ја нема“

 

Пејачот Бора Дрљача и ден денес не знае зошто неговата сопруга Верица напишала проштално писмо, па се самоубила. Поминаа повеќе од 10 години откако нејзиното безживотно тело беше пронајдено во паркот кај хотелот Југославија, а на Дрљача не му е јасно како ја преживеал таа трагедија.

Тој за медиумите изјавил дека никогаш нема да го заборави моментот кога го нашол нејзиното писмо, во кое биле испишани две кратки реченици.

„И ден денес патам по Верица. И пред тоа се обидуваше да се самоубие. Првпат испи цела рака таблети. Ја најдов дома во бесознание на под и веднаш ја однесов на Клиника. Таму беше на измивање. Ѝ го спасив животот. Навистина не знам поради која причина се самоуби. Верувајте ми! Мислам дека покрај мене ништо не ѝ недостасуваше. имаше се. Си зацрта дека ќе го направи тоа и не можев да ја сречам“, изјавил Дрљача.

„Втор пат остана сама дома, децата и јас не бевма таму. Кога влегов во станот, затекнав проштално писмо. Се сеќавам дека пишуваше: „Многу се изморив, извини. Чувај ми ги децата“. Истата секунда повикав полиција и почнав да ја барам“, кажал Дрљача. Недолго после тоа таа била пронајдена мртва во паркот каде инаку одела да вежба.

Еден доктор тогаш му кажал дека некој што еднаш се обидел да се самоубие, веќе е тешко да се спаси.

„Искрено, не ни ги читав полициското досие. По ѓаволите со вистината, вистина е дека ја нема! Дали се убила со пиштол, се отрула, угушила, обесила, ист ѓавол. Јас ни ден денес не знам што се случило. Тоа многу влијаеше врз мене и децата. Имаше во себе некој ѓавол. Признавам, грешев милион пати. Одев по турнеи, таа остануваше сама. Таква ми е професијата, морав по 2-3 месеци да бидам отсутен. Не можам да се обвинувам себеси, тоа е работа. Работев и заработував“, рекол српскиот пејач за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега