„Ја слушнав дека кашла, 25 минути се бореше за живот“ - актерот проговори за загубата на неговата најголема љубов
Сопругата на Вини Џонс, Тања Џонс почина пред 3 месеци на 54-годишна возраст после долгата борба со ракот на кожата. Актерот и некогашниот фудбалер тешко ја поднел загубата, а сега првпат проговорил за нивните последни заеднички моменти.
Тој во интервју принзла дека секоја вечер заспива со плачење, како и дека последните месеци ѝ велел дека ја сака и дека засекогаш ќе ја сака.
Неговата голема исповед започнала со реченицата дека еден ден се разбудил во нивниот дом во Холивуд и слушнал кашлање.
„Прочитав многу книги за тоа, не сакав, но едноставно морав, беше посилно од мене. Се разбудив и слушнав кашлање. Веднаш повикав брза помош. Се бореше да дојде до воздух скоро 25 минути“, раскажал актерот низ солзи.
Родителите на Тања, братот и ќерката од првиот брак му се придружиле на актерот додека медицинската сестра ѝ вбризгувала морфиум.
„Без престан ѝ велев дека ја сака, а потоа стана се потивко. Во еден момент веќе не дишеше. Ја прашав сестрата „Замина ли?“, и тоа беше тоа“, рекол актерот.
Тој додал дека не знае како понатаму ќе живее без сопругата, а неодамна си купил и себеси гробно место покрај нејзиното. Има желба неговата пепел да биде истурена покрај неа.
Откако починала, актерот кажал дека постојано во џебот носи порака која таа му ја напишала.
„За мојот сакан Вили, секој ден ми се случуваше нешто убаво, а тоа е затоа што сум со тебе. Те сакам и засекогаш ќе те сакам“, пишува на пораката.
.@VinnieJones65 has spoken for the first time about losing his wife - and it's utterly heartbreaking. RIP Tanya.
Read more: https://t.co/psCs9tW0m7 pic.twitter.com/PP8IGycPPf
— Daily Mirror (@DailyMirror) October 6, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа